ФУДБАЛ

Условот на Фиорентина кон Јувентус

Јувентус ќе направи барем еден голем трансфер ова лето. Старата дама ги разгледуваше двата таланти на италијанскиот фудбал, Николо Заниоло и Федерико Кјеза.

Бјанконерите ќе се обидат да го искористат Рикардо Орсолини и да го вклучатво трансферот за доведување на Заниоло и Кјеза.

Сепак, Фиорентина веќе даде јасен одговор. Ако Јувентус го сака Кјеза на преговарачка маса, ќе може да седне со понуда во кеш.

Орсолини со доаѓањето на Синиша Михајловиќ на клупата во Болоња проигра, па со задоволство младиот офанзивец Фиорентина со задоволство сакаат да го видат во своите редови, но не и на начин да биде вклучени во трансферот на Кјеза.

Во тимот на Јувентус веќе се наоѓа и Моизе Кен, а шампионот на Италија ќе обезбеди одличен напаѓачки тандем со можното пристигнување на Кјеза.