ФУДБАЛ

Успеа да ги налути и ветераните: Дали на младата ѕвезда на Барса му се спрема отказ?

Се повеќе и повеќе се оние кои се убедени дека Барселона фрла многу пари. Минатата сезона можеше да му се прости поради повредите и младоста, но сега секој на Камп Ноу губи трпеливост поради Демебеле.

Дембеле пристигна во Барса од Борусија Дортмунд минатата година за дури 115 милиони евра (со бонуси оваа сума се искачи до 140 милиони евра). Сепак, овој 21-годишен играч не покажа речиси ништо во неговата прва сезона, во која не го заобиколија повредите.

Меѓутоа, лидерите на Барса поголем проблем од повредите претставува однесување и ставот према работата. Во првата сезона му прогледаа низ прсти, но тоа е тешко да се добие по втор пат.

А и втората сезона почна на сличен начин. Веќе против Севиља успеа да го вознемири тренерот Ернесто Валверде поради тоа што му требаше многу време за да се загрее за влез во игра, а кога наводно задоцни на натпреварот од Лигата на шампионите против Интер, шефот на Барселона „полудел“.

Освен Валверде овој пат му замериа и постарите играчи на Барса, а според некои шпански медиуми и Жерар Пике го нападнал поради недолично однесување.

Наводно, Валверде му вети “пекол” ако под итно не дојде при разум, а не би било изненадување дека на Дембеле веќе му се снимена отказ од Барса без оглед на огромната милионска сума која Каталонците ја издвоиа за неговиот трансфер.