Фудбалерите на Арсенал синоќа на домашен терен беа поразени од Ливерпул со 2:0 во натпреварот од полуфиналето на англискиот Лига куп.
„Топчиите“ успеаја да ја зачуваат својата мрежа на „Енфилд“ (0:0) во првиот меч на овие екипи и навивачите на Арсенал се надеваа дека нивниот клуб ќе успее да се пласира во финалето на ова натпреварување, но тоа не се случи.
Ливерпул успеа да победи на Емирати со 2:0, а јунак на овој натпревар беше Диого Јота кој ги постигна двата гола.
Сепак, во финишот на натпреварот во центарот на вниманието беше играчот од средниот ред на лондонскиот клуб Томас Партеј, кој влезе во игра во 74. минута, но 15 минути подоцна мораше да го напушти теренот откако доби црвен картон.
Парти за три минути успеа да добие два жолти картони, а на крајот судијата Аткинсон му го покажа патот до соблекувалната.
Многумина беа изненадени што Партеј воопшто го играше овој натпревар и беше во конкуренција бидејќи во Лондон пристигна од Камерун само неколку часа пред натпреварот каде што се натпреваруваше во Купот на Африканските нации.
Откако репрезентацијата на Гана не успеа да ја мине групната фаза, Партеј вчера се врати во Лондон, а на изненадување на сите беше во конкуренција за натпреварот против Ливерпул. Артета го воведе во играта, иако беше очигледно дека не е многу фокусиран на натпреварот.
Англиските медиуми го критикуваа и Артета за ваквиот потег бидејќи беше очигледно дека Партеј не е подготвен за игра.
Фудбалерот од средниот ред вчера наутро се разбуди во Камерун, а немаше поим дека таа вечер ќе игра за Арсенал, па дури и ќе добие црвен картон.
Thomas Partey's Thursday:
▪️ Wakes up in Cameroon
▪️ Arrives in London at midday
▪️ Subs on in 74th minute vs. Liverpool
▪️ Gets sent off— B/R Football (@brfootball) January 20, 2022