ФУДБАЛ

„Ужасно е да се види Един Џеко во дресот на Интер“

Човекот кој го донесе Един Џеко во Италија е поранешниот спортски директор на Рома, Валтер Сабатини.

66-годишниот спортски работник го донесе во редовите на „Волчицата“ во 2015 година, а Џеко стана вистинска легенда на Олимпијадата.

Џеко минатото лето реши да го напушти клубот. Потпиша за Интер, а тоа тешко му падна на Сабатини

„Ужасно е Џеко да носи дрес на Интер“, изјави Сабатини за Corriere dello Sport и продолжи:

„Имам само пофални зборови за него. Секогаш му посакував се најдобро, но морам да кажам дека навивачите на Рома често не го разбираа. Постојано бараа негово заминување“.

Сабатини исто како и Џеко од римскиот тим премина во Интер. Тој тврди дека тоа е најголемата грешка во неговиот живот.

“Интер е најголемата грешка во мојот живот. Прифатив одредени работи кои ме исфрлија од организациската структура на клубот. Направив голема грешка и морав да го раскинам договорот”.

Един Џеко оваа сезона за Интер постигна 14 гола на 34 настапи, додека во дресот на Рома на 260 натпревари постигна 119 гола.