Во недела наутро по средноевропско време Дентај Вилдер ќе ја брани титулата во тешка категорија во ВБЦ верзијата против Тајсон Фјури. Американскиот боксер е непоразен во досегашните 43 мечеви, а убеден е во нова победа.
-Рацете на Фјури се како перница. Сите знаеме дека тој не знае да удира. Мојата двегодишна ќерка удира посилно од него. Секој боксер има своја стратегија, а неговата очиглено се празните закани, вели Вилдер.