ФУДБАЛ

Вајналдум: По црвениот картон, сè беше потешко

По брилијантна групна фаза и сите три победи, Холандија разочара и беше елиминирана од Чешка на првиот елиминациски натпревар, а со тоа го заврши натпреварувањето на ЕУРО 2020 во осминафиналето.

 „Голови како што ги примивме, шанси што не ги искористивме, сето тоа минува низ нашите глави. Секако беше потешко по црвениот картон. Не можевме повеќе да ги притискаме. Целиот натпревар беше тежок. Некако не успеавме да се справиме со нивниот притисок. Не можевме да стигнеме до просторот. Направивме неколку шанси, но тоа не беше доволно“ – изјави Вајналдум.