ФУДБАЛ

Вајналдум потпиша за ПСЖ, Барселона не можеше да ја следи неверојатната понуда на парижаните

Џорџино Вајналдум е нов играч на ПСЖ.

Холандскиот играч за врска се согласи да соработува со францускиот вицешампион и ќе биде подложен на лекарски прегледи во следните 48 часа.

Вајналдум веќе потпиша тригодишен договор со парижаните и ќе заработи осум ипол милиони евра годишно, плус бонуси.

Овие бонуси се исто така огромни и неговата годишна плата може да достигне до 12 милиони евра.

Да потсетиме, Вајналдум имаше договор за трансфер во Барселона. Сè беше подготвено да дојде на „Камп Ноу“, но потоа се појави ПСЖ.

Францускиот великан му понуди многу поголема плата од Барселона и 30-годишниот играч за врска реши да ја прифати понудата на ПСЖ.

Вајналдум претходните пет години ги мина во Ливерпул, каде успеа да освои трофеи во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Тој играше за „црвените“ вкупно 236 пати и постигна 22 гола, а претходно играше за Њукасл, ПСВ Ајндховен и Феенорд.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига