Македонската фудбалска репрезентација вечерва во рамките од новиот циклус на Лигата на нации се среќава со селекцијата на Грузија. По два одиграни меча во групата, Грузија е лидер со 6 бодови, Македонија е втора со 4, па ова ќе биде практично директна пресметка за првото место.
Двете селекции најавуваат победа, а од тимот на Грузија стигнуваат пораки дека имаат голем долг за наплата против Македонија. Како што се сеќавате во 2020-та година Македонија ја совлада Грузија во финалниот плеј оф од Лига на нации за пласман на ЕП со голот на Горан Пандев со 1:0. Секако од резултатска гледна точка немаме ништо против и вечерва да се повтори истото.