ФУДБАЛ

Вака изгледа обичен тренинг на Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ наскоро повторно би требало да му биде на располагање на тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

40-годишниот напаѓач пропушти неколку натпревари оваа сезона поради повреди, а се очекува да ги пропушти и дуелите против Лацио во среда во Купот и Сампдорија во недела во Серија А.

Ибрахимовиќ се надева дека ќе се врати на терените што е можно поскоро, но според La Gazzette dello Sport, неговата повреда на Ахиловата тетива е потешка од очекуваното.

Сепак, Златан каков што е, работи напорно секој ден, а сега покажа импресивен стомачен тренинг кој брзо стана вирален на социјалните мрежи.

Заедно со видеото, Ибрахимовиќ напиша само ’трпеливост’ што очигледно во моментов и нему и на навивачите на Милан им е неопходно.

Иако има 40 години, Златан е најдобар стрелец во клубот, играч кој ги врати „росонерите“ на врвот на италијанскиот фудбал и се верува дека и следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес.

Зад него е спектакуларна кариера која започна во шведскиот Малме, а подоцна играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, ЛА Галакси и Милан, чиј дрес го носеше во два мандати, во вториот од 2020 година. и постигна 33 гола на 52 натпревари.

ПОВРЗАНО

Серија А