ФУДБАЛ

Ваквите редови не се гледаат ниту во најниските лиги, а особено не во најсилниот ранг (ФОТО)

Неверојатни фотографии ни доаѓаат од Уругвај, каде вчера во рамките на 14-то коло на Класур се натпреваруваа домашниот тим Прогресо и Пенарол.

Натпреварот заврши со победа на гостите од 0:2, а на овој натпревар можевме да видиме навистина очајно исцртани линии на теренот.

Организаторите создадоа вистински хаос. Тие ги нацртаа линиите со боја што ја носеа во кофи и го обележуваа теренот без никакви мерки.

На крајот, сето тоа испадна комично. Линиите беа искривени, но судијата дозволи да се одржи натпреварот.

Гостите славеа победа од 2:0, а прашање е што ќе се случеше доколку овој натпревар предизвикаше уште една полемика.