ФУДБАЛ

Ваљадолид го отпушти тренерот

Хуан Хозе Рохо Пакета повеќе не е тренер на Ваљадолид по неделниот пораз од Реал, во кој неговиот сега веќе поранешен тим прими шест гола.

Отказот на Рохо беше најавен и претходно, а дефинитивно му пресуди тежок пораз на „Сантијаго Бернабеу“ во 27. коло од Ла Лига.

По овој пораз Ваљадолид е на работ од опасната зона и клубот одлучи дека е време за шок-терапија.

Пакета е во Ваљадолид од јуни 2021 година. Тој го водеше тимот 75 пати, а од средината на февруари има само една победа, додека во последните три кола освои само еден бод.

Од клубот не соопштуваат кој ќе го замени како тренер.

ПОВРЗАНО

Ла Лига