ФУДБАЛ

Валенсија го направи првиот трансфер по 723 дена

Валенсија го направи првиот трансфер по 723 дена.

Тимот од Местаља го донесе бразилскиот напаѓач Маркос Андреа од Ваљадолид за цифра од осум и пол милиони евра.

24-годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор со Лилјаците и интересно е што тој е првото купување по 723 дена.

Поради бројни финансиски проблеми, клубот од Местаља не можеше да донесе нови играчи и дури по две години успеаја да направат трансфер.

Последниот играч што Валенсија го купи беше Тиери Кореја во септември 2019 година, а клубот донесе играчи само на позајмица.

Маркос Андре ќе биде регистриран наскоро и Бразилецот ќе биде новата офанзивна надеж на Валенсија.

Андре ги помина претходните две години во Ваљадолид, започнувајќи ја кариерата во Селта, но никогаш не доби вистинска шанса во Виго и беше на бројни позајмици.