ФУДБАЛ

Валенсија и Барселона ги поделија поените, Севиља е новиот лидер

Дербито на 8. коло од шпанската Ла Лига го одиграа Валенсија и Барселона на Местаља, а победникот на крајот немаше, натпреварот заврши со резултат 1:1.

Валенсија започна навистина силно во овој натпревар и го презеде водството по само две минути, а стрелец на голот беше Гарај. И после тоа лилјаците имаше нешто повеќе од игра, а првите следна шанса ја пропушти Батшуаји во 6. минута кога шутираше покрај голот.

Подоцна натпреварот влезе во малку помирна атмосфера, а Барселона до изедначување стигна во 23. минута, кога многу убава акција изведоа Лионел Меси и Луис Суарез, а Меси постигна гол за 1:1.

Барселона тогаш беше нешто повеќе доминантна, но Валенсија се закани од корна. Сепак, немаше промени во резултатот од натпреварот, а двата тима се задоволиа со по еден поен.

Барса сега има 15 поени по осум кола и се наоѓа на второто место од табелата, веднаш зад Севиља, додека Валенсија е на 13 позиција со само девет поени.

ПОВРЗАНО

Ла Лига