ФУДБАЛ

Валенсија се жали на одлуката на Ла Лига

Фудбалскиот клуб Валенсија ќе поднесе жалба на делумното затворање на стадионот, откако приврзаниците на тој тим расно го навредувале играчот на Реал Мадрид Винисиус Јуниор, соопштија денеска од клубот.

Валенсија изјави дека казната е „неправедна и непропорционална“, како и нанесување штета на навивачите, кои не биле вклучени во инцидентот.

„Валенсија ја осуди, осудува и ќе ја осуди на најенергичен начин секоја форма на расизам или насилство. Поради оваа причина, ние веруваме дека казнувањето и одбивањето на сите навивачи, кои не биле вклучени во овие немили инциденти, да го гледаат својот тим е целосно непропорционално. неоправдана и невидена мерка против која ќе се бориме“, се додава во соопштението.

Шпанската фудбалска федерација ја казни Валенсија со затворање на дел од трибините на пет натпревари, со исплата на 45.000 евра, што е воедно и најстрогата санкција за расизам во историјата на шпанскиот фудбал.

Бразилскиот напаѓач беше навредуван од неколку навивачи на домашниот клуб на неделниот натпревар во Валенсија. Ова не е првпат 22-годишниот фудбалер да наиде на расистички навреди.

Шпанската полиција уапси седуммина осомничени во одвоени инциденти во вторникот. Четири лица беа уапсени откако во јануари закачија кукла со ликот на Винисиус на мост во Мадрид, додека тројца беа уапсени за расна злоупотреба во Валенсија.

Исто така, суспензијата на Винисиус беше укината поради црвениот картон добиен во судиското надополнување на мечот во Валенсија (0:1), па тој ќе може да конкурира за вечерашниот натпревар од 36. коло на Примера против Рајо Ваљекано.

ПОВРЗАНО

Ла Лига