ФУДБАЛ

Валверде: Гледав само еден натпревар од кога добив отказ

Ернесто Валверде беше разрешен од Барселона минатиот месец, откако загуби во шпанскиот Супер куп против Атлетико Мадрид.

Валверде долго време беше мета на критики за резултатите на Барселона и на крајот беше отпуштен. Шпанскиот стручњак призна дека по неговото разрешување, тој решил да се одмори од фудбалот, и дека гледал само еден натпревар.

„Не гледав многу фудбал во претходните недели. Признавам дека гледав само еден натпревар и тоа беше натпревар на Кралскиот Куп помеѓу Атлетик Билбао и Барселона. Сакам да направам малку пауза од сè по три години кои беа многу заморни“, рече Валверде.

Тој призна дека нема да одмори премногу и дека целта му е да се врати на тренерската работа следната сезона.

„До крајот на сезоната дефинитивно ќе се одморам и ќе уживам во тоа. Јас немам планови за тоа да потрае премногу долго и очекувам да се вратам на тренерската работа следната сезона. Веќе има понуда, но е рано повторно да скокам во сето тоа”, додаде Валверде.