ФУДБАЛ

Валверде ја реши иднината на Видал со една реченица

Во убедливиот триумф на Барселона над Алавес (4:1) еден од стрелците беше Артуро Видал.

Искусниот Видал веќе подолго време се споменува како играч кој е на излезната врата од трофејниот каталонскиклуб.

Тој дури и го напушти тренингот пред Ел Класико, откако дозна дека нема да игра на најголемиот натпревар на шпанскиот и евентуално светскиот фудбал.

Брилијантниот Чилеанец, во своите редови сакат да го видат Интер, каде што го бара тренерот, Антонио Конте, кој веќе го тренираше во Јувентус.

Сепак, се чини дека по средбата со Алавес, работите се променија. Барем, ако верувате во зборовите на Ернесто Валверде.

„Видал е наш играч, тој постигна гол и не верувам дека може да си замине“, беше реченицата рече Валверде по мечот со Алавес, со што веројатно укажуваше на иднината на Видал.

Овој 32-годишник пристигна на „Камп Ноу“ во август 2018 година од Баерн кога му беа исплатени 18 милиони евра.