ФУДБАЛ

Валверде не е загрижен за својата иднина

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде инсистираше на тоа дека не е загрижен за својата иднина во каталонскиот клуб, бидејќи има поддршка од претседателот на клубот, Бартомеус.

Поразот од 3:1 во Ла Лига против Леванте минатата сабота, и нерешениот натпревар Славија Прага на „Камп Ноу“ во Лигата на шампионите, ги натера навивачите на Барселона да бараат отпуштање на Валверде.

Барселона е лидер во Ла Лига по 11 одиграни натпревари, но оваа сезона настапите и резултатите вршат притисок врз Валверден. Се чинеше дека е близу до отпуштање кон крајот на минатата сезона, но имаше поддршка од претседателот на клубот, Бартомеу.

Валверде вели дека чувствува дека сè уште ја има поддршката на челниците на клубот и не е загрижен за неговата позиција, особено откако Барселона оствари рекордни седум последователни победи пред последните два натпревари.

„Не сум загрижен за мојата иднина. Пред неколку дена, јадев вечера со Бартомеу. Се чувствувам поддржано и почитувано “, рече Валверде на прес-конференцијата во петокот.

„Без разлика дали тој разбира критика или не, тоа е реалната состојба. Немам што друго да кажам. Ако постигнавме гол против Славија, сите ќе беа помирни. Се случува“.

„Ние мора да ги прифатиме овие работи. Пред една недела бевме во одлична форма, имавме седум последователни победи“.

Барселона ќе биде домаќин на „Камп Ноу“ на Селта Вигон, денеска, во последниот натпревар пред да започнат репрезентативните обврски.

ПОВРЗАНО

Ла Лига