ФУДБАЛ

Валверде: Не знам како ќе го чуваме Меси

Репрезентацијата на Аргентина и Уругвај во петок наутро ќе одигра квалификациски натпревар за Светското првенство.

Големите ривали ќе се сретнат во Буенос Аирес, а натпреварот ќе започне во 1 часот по полноќ по наше време. Аргентина, која загуби само еднаш во последните 50 натпревари, ќе ја предводи Лионел Меси.

На другата страна ќе биде Федерико Валверде, асот на Реал, кој на новинарите им призна дека не може да го запре Меси.

„Не знам како да го направам тоа. Никогаш не ми успеа. Играв неколку пати на Ел Класико против него и Касемиро секогаш имаше задача да го чува Меси. Тој беше добар, знаеше како да го спречи, но ниту тој не можеше целосно да го спаси. Мора да го почитувате Меси, бидејќи тој е еден од најдобрите играчи во светот“, изјави Валверде.

Аргентина е на чело на табелата со максимални 12 бодови. Уругвај е на второто место со седум бодови, исто толку колку и Бразил и Венецуела.