ФУДБАЛ

Валверде во проблеми: Дембеле жестоко го налути тренерот на Барселона

Фудбалерите на Барселона вечерва играат дерби против нивниот ривал Интер, во рамки од третото коло во Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб е голем фаворит во судирот на Камп Ноу, но кај Интер со разбуди надеж за добар резултат по повреда на Лионел Меси. Најдобриот играч на Барселона ќе биде околу три недели надвор од теренот и сигурно е дека нема да игра во натпреварите против Интер.

Ернесто Валверде е на големи маки околу составот за Интер, односно кој ќе го замени Меси. Најголеми шанси има Дембеле, но ова може да се промени, бидејќи шпанските медиуми известуваат дека тренерот на Барса во последно време е разочаран од однесувањето на францускиот фудбалер.

Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека Валверде изразил незадоволство кај неговите помошници поради Дембеле. Очигледно, тој е лут од пристапот на еден млад играч во натпреварите, но исто така и на тренинзите. Валверде верува дека Дембеле не треба да се однесува така и дека поради тоа тој многу лесно може да се пресели на трибините.

Покрај управата од Дембеле не се задоволни ни навивачите, иако сезоната ја започна многу добро. На натпреварот против Севиља, Дембеле го замени Меси, но во финишот на натпреварот тој доби свирки од трибините.