Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде излезе на прес-конференција пред натпреварот против Гетафе, кој го опиша како многу тежок противник:
„Минатата година претрпевме многу против нив, и покрај тоа што имавме многу добар натпревар. Тоа е тим што остава многу малку простор “.
Секако најважната тема беше во врска со состојбата на Лионел Меси, а тренерот не го знае точниот датум на неговото враќање.
„Не знам колку долго ќе остане надвор, но се надеваме дека ќе се врати што е можно поскоро. Меси е клучен играч, но имаме и други ресурси за да го минимизираме ефектот на неговото отсуство “.
Меси сигурно ќе го промаши натпреварот во Лигата на шампионите против Интер. Ова е одлична вест за италјаните, кој ќе се обидат да добијат бод на „Камп Ноу“.