Многу повеќе се очекуваше од Кристијано Роналдо по неговото враќање во Манчестер Јунајтед.
Роналдо не е на ниво, па се повеќе се зборува дека може да ги напушти „црвените ѓаволи“ на крајот од сезоната.
Легендарниот Холанѓанец Марко ван Бастен вели дека Роналдо му е многу потребен на новиот тренер Ерик тен Хаг.
„Ако Роналдо продолжи да игра како минатата недела против Норич, нема потреба некој да го отстрани од тимот“, вели трикратниот освојувач на Златната топка.
Тој наведува дека Тен Хаг не може да го очекува од Роналдо тоа што го направил како 18-годишник.
„Тен Хаг не смее да ги слуша медиумите кога е Јунајтед во прашање. Ќе мора да биде фокусиран на својата работа, тренинзи и тим“.
Тен Хаг ќе го преземе Јунајтед на лето, а договорот е со важност до 2025 година.
Тој беше тренер на Ајакс во последните четири години.