Коронавирусот ја прогонува Европа.
Бројни лиги се стопирани, а исто така и во Англија.
Одлуката е донесена во петок и сега се шпекулира дека Премиер лигата ќе започне на 4 април.
Натпреварите би се играле без навивачи.
Стоперот на Ливерпул, лидерот на табелат, не ја сакаше оваа одлука.
„Никој не сака да игра пред празните трибини. Жал ми е, но ние треба да донесеме одлука каква и да е. Ако ја освоиме титулата, трофејот ќе им го однесеме на нашите навивачи”, појасни брилијантниот дефанзивец.
Ливерпул се збогува од Лигата на шампионите по поразот од Атлетико, но во Премиер лигата е далеку понапред од Сити кој е втор на табелата.