ФУДБАЛ

Ван Дајк признава: Не можам да се споредувам со Меси

Ѕвездата на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, инсистираше на тоа дека не може да се спореди со Лионел Меси, отфрлајќи ги сите сугестии дека е разочаран што не ја освои наградата за „Најдобар“ на ФИФА. Холанѓанецот заврши на второто место, зад ѕвездата на Барселона триумфирајќи во понеделникот. Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо се најде на третото место. Одбранбениот играч изјави дека не постои начин како да се спореди со Меси, кој постигна 51 гол на сите натпреварувања во сезоната 2018-2019:

„Луѓето што гласаа донесоа одлука и сите ние треба да го прифатиме тоа. Ова е шанса да се покаже дека играчите се различни. Вие не можете да ме споредувате со Меси, бидејќи ние сме сосема различни. Дали сум разочаран? Не, јас сум среќен што сум тука, да се биде во тимот на годината, по напорната работа што ја имав минатата сезона. Денес, јас, за жал, не победив, но Не сум разочаран“.