ФУДБАЛ

„Ван Дајк сам ќе одлучи дали ќе игра на ЕУРО 2020“

Фудбалерот на Ливерпул и холандски репрезентативец Виргил ван Дајк се уште се опоравува од повредата што ја заработи во октомври минатата година.

Вирџил ван Дајк се здоби со сериозна повреда на коленото на дербито во Премиер лигата против градскиот ривал Евертон, по интервенцијата на голманот Џордан Пикфорд. Тој мораше да биде опериран и последните неколку месеци ги помина на рехабилитација во Дубаи, пред неодамна да се врати во Ливерпул.

Останува да се види дали одличниот 29-годишен дефанзивец ќе биде подготвен да игра пред крајот на сезоната и дали евентуално би можел да учествува на ЕУРО 2020.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп постојано повикува на претпазливост, додека репрезентацијата на Холандија верува дека на Ван Дајк му преостануваат околу два месеци до целосно закрепнување. Тренерот Франк Де Бур вели дека засега не смета на одличен фудбалер, но сигурно ќе ја следи неговата состојба.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига