ФУДБАЛ

Ван Дајк знае кој ќе ја освои Златната топка

По признавањето на најдобриот фудбалер на Премиер лигата и титулата во Лигата на шампионите, Холанѓанецот се промовираше себеси за еден од првите кандидати во Златната топка.

Виргил ван Дајк потпиша за Ливерпул на крајот од 2017 година и неговиот трансфер се покажа како најдобар потег на Јурген Клоп.

Трансферот на Холанѓанецот е вреден 75 милиони фунти и го држи рекордот кога станува збор за доведување на дефанзивен играч.

Медиумите на островот дојдоа до информации дека оваа сезона Холанѓанецот никој не успеа да го предрибла, што говори за неговите квалитети.

По голема победа минатата ноќ, Ван Дајк зборуваше на прес-конференција, прогласен е за најдобар играч во Премиер лигата, и со тоа ја освои Лигата на шампионите, јасно е дека тој би можел да се најде меѓу првите на листата за “Златната топка”.

„Мислам дека Меси е најдобриот играч во светот. Тој треба да ја освои Златната топка. Така размислувам. Но, ако јас ја освојам, ќе ја земам. Според моето мислење, Меси е најдобар во светот, без оглед на тоа дали тој играше во финалето или не“ , Истакна Ван Дајк.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига