Манчестер Јунајтед вечерва официјално го потврди трансферот на Дони ван де Бик од Ајакс.
Овој играч пристигна на „Олд Трафорд“ за 40 милиони евра, и потпиша петгодишен договор со „црвените ѓаволи“.
Доаѓањето на Ван де Бик ги воодушеви навивачите на Јунајтед и веќе е јасно дека многу се очекува од него.
Јунајтед откри и кој број го избрал овој Холанѓанец во својот нов клуб, и дека решил да го земе дресот со број 34.
Во Ајакс го носеше дресот со број шест, но тој број е веќе кај Погба и тој конечно реши да избере 34 во чест на поранешниот соиграч Абделхак Нури кој имаше напад на срцева аритмија пред неколку години и беше во кома повеќе од две години.
🥁 Presenting our new…
No.3️⃣4️⃣ 🤩#MUFC @Donny_Beek6
— Manchester United (@ManUtd) September 2, 2020