Откако Дони Ван де Бик потпиша за Манчестер Јунајтед, порака до навивачите на овој клуб ја испрати легендарниот голман.
Секако, станува збор за Едвин Ван дер Сар кој е еден од директорите во Ајакс, и тој секако играше важна улога во трансферот на овој фудбалер во Манчестер Јунајтед.
Пораката што легендарниот голман на Манчестер Јунајтед ја испрати до навивачите на овој клуб е да уживаат во иднината.
“Почитувани навивачи на Манчестер Јунајтед. Се чини дека нашите патишта повторно се прекрстија. Еден од нас доаѓа кај вас оваа сезона. Како и многу други, тој беше со нас од дете. Тој брзо стана еден од најдобрите, особено во последните неколку години. Уживајте во иднината“, напиша меѓу другото Ван дер Сар.
Dear @ManUtd,
Enjoy the Future. ♥️#DreamLikeDonny pic.twitter.com/QVKS3Q0Snk
— Edwin van der Sar (@vdsar1970) September 3, 2020