Белгискиот голман Тибо Куртоа жестоко ги критикуваше УЕФА и ФИФА за големиот број натпревари во текот на сезоната.
Чуварот на мрежата на Реал Мадрид верува дека за овие организации се важни само парите и дека никој не обрнува внимание на здравјето на играчите.
„Мечот за третото место во Лигата на нации е само за парите. Морам да бидам искрен кога станува збор за вакви работи. Го играме само за дополнителни пари за УЕФА“, рече Куртоа, додавајќи:
„Создадоа уште едно натпреварување (конференциска лига) и не му е грижа за играчите. Се што им треба се пари и да ги наполнат своите џебови“, рече Куртоа.
Поранешниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт реагираше на неговата изјава.
„Тоа се глупости. Да немаше натпревари, ќе имавте шест месеци одмор. Играте фудбал, клубот ви плаќа многу пари и нормално е календарот да биде исполнет. Сите сме го поминале тоа“. Рече Ван дер Варт.
Платата на Тибо Куртоа во Реал Мадрид изнесува 7,2 милиони евра годишно.