Ливерпул освои вреден бод на „Емирати“, а сега е му следува натпреварот со Црвена Звезда во Лигата на шампионите.
Црвените лесно стигнаа до победа на „Енфилд“ против српскиот шампион, а сега ќе патуваат за Белград. Играчот на Ливерпул, Виргил ван Дијк, зборуваше за овој натпревар.
“Дали сте исплашен? Од ништо повеќе не се плашам во животот, се радувам. Не можам да ја дочекам таа атмосферата, тоа ќе биде супер. Звезда е добар тим, ќе биде убаво гостување, ќе видам некои од моите пријатели, се радувам за одењето во Србија “, изјави Ван Дијк
“Тоа ќе биде добра игра, но одиме таму со една цел, а тоа е да победиме и да одиме понатаму во Лигата на шампионите”, додаде Холанѓанецот
Ливерпул е прв во групата Ц со шест поени, додека Звезда успеа да постигне само еден поен.