Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси смета дека челниците на овој клуб треба да го доведат Единсон Кавани.
Тој се огласи на твитер и одговори на прашање кој напаѓач Манчестер Јунајтед треба да го донесе летово.
„Единсон Кавани, брилијантен играч и достапен. Гол машина“, напиша поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Арсенал, Феенорд, итн.
Кавани инаку беше поврзан со преселбата во Атлетико Мадрид оваа зима, но тоа не се случи на крајот.
Уругваецот не добива шанса да игра во Париз оваа сезона и бидејќи неговиот договор истекува во текот на летото јасно е дека тој ќе го смени клубот.
Тој има забележано 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи пет гола со една асистенција.
Edinson Cavani, brilliant player and available #GoalMachine https://t.co/GmaQsEND1v
— Robin van Persie (@Persie_Official) February 3, 2020