ФУДБАЛ

Ван Перси има нова работа

Прославениот холандски напаѓач Робин ван Перси (36) е повторно во неговиот матичен клуб.

Ван Перси реши да се збогува од фудбалот во летото 2019 година, но денес, кога е во пензија, прифати да проба нова улога во сопствениот Фејенорд.

Медиумите во Холандија објавија дека на покана на Дик Адвокат, Ван Перси прифатил да се врати во матичниот клуб, каде ќе има задача за работи со напаѓачите во наредниот период.

„Ние замислувавме дека Ван Перси работи со напаѓачите еднаш неделно“, рече Адвокат на прес-конференција.

Најмногу од сè, Ван Перси ќе се погрижи за Роберт Бозник. Станува збор за 20-годишен словачки фудбалер кој е платен четири милиони евра, и иако е воодушевен од неговите игри, тие се убедени во Фејенорд дека може да направи голем напредок со работа со Ван Перси.