Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара, повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста поради нејзините разголени фотографии на Инстаграм.
Ванда на сите им е веќе позната по нејзините контроверзни и разголени фотографии кои често ги објавува на социјалните мрежи, а само на Инстаграм ја следат речиси 14 милиони луѓе.
Таа долги години е менаџер и на нејзиниот сопруг Икарди, но тоа не и е главен извор на приходи.
Италијанските медиуми пишуваат дека Ванда многу заработува од објави на Инстаграм, а една од нејзините претходни фотографии која ја објави предизвикала големо внимание бидејќи повторно претерала.
Ванда објави фотографија од својата долна облека и мораше да ги цензурира градите бидејќи оваа долна облека е проѕирна. Забрането е да се објавуваат вакви работи на Инстаграм и се прилично строги за тоа.
Иако Ванда го цензурирала спорниот дел од фотографијата, медиумите во Италија пишуваат дека не поминало најдобро, а од Инстаграм добила предупредување дека не може да објавува такви работи, со оглед на тоа што добива пари за своите објави.
Колку се сериозни овој пат да и дадат до знаење дека отишла предалеку е и потегот дека Ванда нема да добие плата за таа фотографија, без разлика колку лајкови и коментари ќе добие на неа.
Ванда вчера ја објави оваа фотографија и таа доби речиси половина милион лајкови и речиси 5.000 коментари, а секако машкиот дел од публиката беше воодушевен од нејзиното ново провокативно издание.
Таа моментално е во Милано со децата на летен одмор, додека Икарди е во Париз бидејќи започна новата сезона со ПСЖ.