Милан синоќа го совлада Интер со 2:1.
Херој беше Златан Ибрахимовиќ, кој му пресуди на поранешниот клуб со два гола и им донесе четврта победа на Росоњерите на почетокот на шампионатот.
Поразот на Интер едвај го дочека Ванда Нара, сопругата и агент на Мауро Икарди, кој сега игра за ПСЖ, и кој ги напушти Нероазуре на неубав начин начин и замина во Париз. Мауро најпрво беше позајмен, а потоа беше продаден на Французите.
Ванда имаше судири со челниците на Интер, па сега ги „избоде“ сите на „Меаца“ објавувајќи порака на Инстаграм со честитки за „пријателите од Милано“.
„Нема дерби без љубов. Честитки за моите пријатели од Милано“, напиша Ванда по натпреварот со фотографија со Икарди.
