Агентот и сопруга на Мауро Икарди, Ванда Нара, изјави дека напаѓачот на Интер позајмен во ПСЖ, ќе одлучи каде сака да игра следната сезона, но додаде дека одлуката сè уште не е донесена.
Ванда, не ја исклучи можноста Икарди да остане во ПСЖ или да се врати на „Сан Сиро“, но ниту можноста Аргентинецот да го заврши долгоочекуваниот трансфер во Јувентус.
„Дали Мауро ќе замине во Јувентус? Јас навистина не знам. Не знам дали следната година ќе се вратиме во Милано или ќе останеме во Париз. Не можете да предвидите ништо во фудбалот“, рече Нара.
„Тој [Икарди] ќе избере и ние ќе го следиме. Тешко ми е да го дебатирам неговиот избор затоа што многу добро го познавам Мауро и точно знам што сака како играч и што го прави да се чувствува добро“.
„Ќе го следам по неговите избори – како сопруга и како негов агент – за да му обезбедам дополнителна сигурност“.
Аргентинскиот напаѓач придонесе 11 гола на своите 16 настапи во Лига 1 со ПСЖ.
ПСЖ има опција да го префрли Аргентинецот на крајот на сезоната за околу 70 милиони евра, но сè уште не е јасно дали францускиот гигант ќе ја искористи опцијата.