Поранешната фудбалска ѕвезда Макси Лопез (37) стана светски познат по скандалот во кој неговата сопруга Ванда Нара беше „киднапирана“ од соиграчот и најдобар пријател Мауро Икарди.
Иако во кариерата играше за Ривер Плата, Барселона, Милан, Макси стана многу попознат по овој скандал што се случи и со години беше во центарот на вниманието.
Сепак, разделбата со Ванда му донесе само добро на овој фудбалер. Тој беше прилично мирен, а набрзо ја запозна и жената на неговиот живот, манекенката Даниела Кристијансон.
View this post on Instagram
Двојката е заедно осум години, а сега е време за нов чекор напред. Одговарајќи на прашањата на фановите, таа рече дека се е подготвено за венчавката.
https://youtu.be/h1MheBCzg58
И двајцата сакаат да стапнат на луд камен и во иднина да основаат семејство, па славниот напаѓач наскоро повторно ќе се ожени.
Да потсетиме, Макси од бракот со Ванда, во кој беше од 2008 до 2013 година, има три сина со кои постојано се гледа и поранешната сопруга не му прави проблеми.
Вистинска штета што Макси се здоби со светска слава поради скандалот, а не поради фудбалот каде своевремено важеше за врвен талент на аргентинскиот фудбал.