ФУДБАЛ

Ванда седна на преговарачката маса: Трансферот на Мауро Икарди е сигурен

Мауро Икарди оваа сезона игра како позајмен играч во ПСЖ.

Аргентинскиот напаѓач одлично игра во Париз. Тој постигна девет гола на десет натпревари и клубот е многу задоволен од неговиот настап.

Бидејќи нема повеќе место за него во Интер, клубот ќе го продаде следното лето, а токму ПСЖ е тој што најверојатно ќе го купи договорот од нив.

Парижаните се подготвени да платат 65 милиони евра за услугите на 26-годишниот напаѓач, и дека се сериозни во врска со ова, потврдува фактот дека веќе закажале средба со сопругата на Мауро и агентот Ванда Нара.

Него ќе му биде понуден петгодишен договор со ПСЖ. Условите се уште не се познати, но сигурно е дека францускиот шампион нема да штеди кога станува збор за платата за аргентинскиот фудбалер.

Икарди ќе има можност да остане член на тимот во Париз, а конечната одлука веројатно ќе ја донесе Ванда. Мауро го остави случајот во нејзини раце. Само сака да игра и не му е гајле за други работи.

Аргентинскиот напаѓач играше за Сампдорија во својата кариера пред Интер и носеше младински дрес на Барселона.