Коби Брајант влезе во кошаркарската „Куќа на славните“.
Легендарниот кошаркар кој трагично загина во хеликоптерска несреќа влезе во „Куќата на славните“ за 2020 година, при што неговата сопруга Ванеса и ќерката Наталија разговараа за ЕСПН по ова достигнување.
„Ова е одлично достигнување и огромна чест. Горди сме на него. Посакуваме тој да беше тука со нас, но дефинитивно ова е врв на неговата кариера“, рече Ванеса, додавајќи:
„Ние сме горди. Секое достигнување што тој го постигна во текот на неговата кариера е чекор до ова“, истакна г-ѓа Брајант.
Покрај Коби од легендите во НБА, Тим Данкан, Кевин Гарнет и Руди Томјанович влегоа и во „Куќата на славните“ оваа година.