ФУДБАЛ

ВАР може и каде што го нема: Несреќниот судија покажа дека ќе го гледа видеото, а потоа… (ФОТО)

Италијанскиот судија Франческо Меравилја предизвика рафал од смеа откако побара помош од ВАР технологијата на мечот од Серија Б меѓу Асколи и Реџина.

Немаше да има ништо спорно доколку се користеше ВАР технологија во втората класа на италијанскиот фудбал. Секако, ВАР таму нема, па судијата насмеа многу луѓе.

Оваа ситуација се случи откако гостите погодија во 94. минута за 2:2. Асистентот го крена знамето и сигнализираше офсајд, па главниот судија го откажа голот.

Сепак, како што не беше сигурен, повика ВАР. Сите изгледаа збунето и кога сфати дека нема технологија, ја прифати одлуката на неговиот асистент.

За среќа, тој не згреши. Офсајд постоеше, па Асколи го доби натпреварот со 2:1.