Борусија вечерва беше поразена од Баерн во Дортмунд со 1:0 во дербито од 28. коло од Бундеслигата.
Џошуа Кимих постигна спектакуларен лоб-удар за победата на Баерн во крајот на првото полувреме, а во Борусија можат да жалат за промашените шанси.
Исто така, Милионерите ќе се жалат на една ситуација, кога ударот на Ерлин Халанд го удри Џером Боатенг во рака, додека стоперот на Баерн лежеше на тревата во неговиот казнен простор.
Судијата Тобијас Стилер не досуди пенал, ниту пак побара совет од ВАР собата, иако се чини дека немаше да згреши ако се посочи „на вар“.
https://twitter.com/FootballFactly/status/1265345176421228548
https://streamable.com/bb0qp5