ФУДБАЛ

Варан: Фудбалерите се како болиди

Рафаел Варан работи напорно за да се врати во форма.

Францускиот дефанзивец во интервју за англиските медиуми истакна дека фудбалерите се како Формула 1 болидите.

„Работам напорно. Фудбалерите се како Формула 1 болидите, па понекогаш е потребно да се смени моторот, да се подобри нешто“, изјави поранешниот играч на Реал Мадрид и додаде:

“Морам да сменам некои мали нешта кои прават голема разлика. Свесен сум дека морам и сакам да се приспособам. Работам напорно за наскоро да бидам најдобро. Тоа е голема работа, но сакам да напредувам Со нетрпение очекувам да се вратам на теренот и сакам да бидам од помош на тимот“.

За потсетување, Варан отсуствува од терените од мечот со Аталанта во Лигата на шампионите во Бергамо на 2 ноември, кога неговиот Манчестер Јунајтед ремизираше 2:2.

Според најавите од неговиот клуб, Французинот би можел да се врати на терените во декември и да му биде на располагање на новиот менаџер Ралф Рангник.