Дефанзивците Рафаел Варан и Ибрахима Коната се новите жртви на вирусот во француската репрезентација која во недела во финалето на Светското првенство ќе игра против Аргентина.
Дидие Дешамп поради болест не можеше да смета на тројца играчи во полуфиналето против Мароко – Рабио, Упамекан и Коман.
Францускиот весник L’equip пренесува дека Варан има поблаги симптоми, додека Конате е во малку посериозна ситуација.
Сепак, добрата вест е што тројцата играчи кои го пропуштија Мароко би можеле да се опорават навреме за дуелот со Аргентина.
Тренираа и ситуацијата е многу подобра.