Фудбалерот на Реал Мадрид, Рафаел Варан оцени дека “кралскиот клуб” има колективен проблем.
Шампионот на Европа го доживеа петтиот пораз во лигата оваа сезона, откако загуби од Еибар со 3:0.
„Кога губевме индивидуални дуели, се сè комплицира. Немавме решенија за нивните пресинг. Имаме квалитет, но не играме тимски. Губевме топки. Се обидовме да ја одиграме нашата игра, но можевме. Мораме да се обединиме. Примивме 19 гола во Ла лига и тоа е проблемот со кој ќе треба да се соочиме, како тим. Сите ние треба да се движиме напред. Свесни сме за тоа. Имавме добра серија, но повторно загубивме“, рече Варан.
Еибар сега има 18 поени и е на седмото место со два бода помалку од шестопласираниот Реал.