Трите македонски фудбалски претставници во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА ги добија своите противници.
ФК Работнички за ривал го доби тимот на Торпедо-Белаз (Белорусија).
Силекс ќе игра против црногорскиот тим Дечиќи, а Вардар ќе игра против Ла Фиорита од Сан Марино.
Првите мечеви се играат на 10 јули, а реваншите седум дена подоцна.
