Македонскиот фудбалски шампион Вардар забележа голем скок на клупскиот ранкинг на УЕФА објавен во текот на денешниот ден.
По завршувањето на групната фаза во Лигата на шампионите и Лига Европа, УЕФА ги пресмета новите позиции на клубовите во однос на нивните резултати, а Вардар е екипа со најголем напредок, дури 62 позиции. „Црвено-црните“ од 299 сега се на 237 место на УЕФА ранкингот и очекувано се најдобар македонски тим во ова друштво, пишува Дерби.
Шкендија е на 278, Работнички на 292 местo, а со оглед на својот настап во Европа во една последните пет сезони ранкинг имаат и Пелистер (364), Силекс (365), Ренова (366), Металург (367), Турново (369) и Тетекс (370), а вкупно се вклучени 442 екипи од цела Европа.