Лидерот во Првата фудбалска лига, тимот на Вардар на тренинг центарот во Хиподром ги стартуваше зимските подготовки. Шест дена подоцна, како дел од подготовките, „црвено-црните“ ќе заминат за Анталија.
Таму ќе остане дваесетина дена, а според информациите од таборот на Вардар договорени се неколку силни пријателски средби. Противници ќе бидат Хајдук, Динамо Киев, Црвена Звезда, Борац Бања Лука и Мура.
На денешниот прв собир недостасуваше само Реис Жуниор.
ПЛАНОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА ВАРДАР
СКОПЈЕ, ХИПОДРОМ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР 09.01.2020 – 14.01.2020
АНТАЛИЈА, ТУРЦИЈА 15.01.2020 – 04.02.2020
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ:
20.01. – Вардар – Хајдук (Хрватска)
23.01. – Вардар – Динамо Киев (Украина)
26.01. – пријателски натпревар (противникот дополнително ќе биде објавен)
29.01. – Вардар – Црвена Звезда (Србија)
02.02. – Вардар – Борац Бања Лука (БИХ)
03.02. – Вардар – Мура (Словенија)