Екипата на Вардар ја забележа втората победа на третиот меч од ЛШ во новата сезона. Во СЦ „Јане Сандански“ падна вицепрвакот Алборг со 30:28. Македонскиот тим уште еднаш покажа дека пред своја публика игра магично. Така беше и вечерва, доколку се изземат воведните неколку минути кога на моменти негативата стигна и до шест погодоци.
Еден од главните јунаци е Борко Ристовски кој го замени Томовски на голот и со 16 одбрани придонесе за пресвртот и победата.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Дибиров, Тото и Оливје Њокас со по шест гола.
Од три меча во ЛШ Вардар има две победи и едно реми.