РК Вардар доживеа убедлив пораз во финалето на Хумел Купот кој се одржува во Германија, од домашната екипа Магдебург со 31:20. Ракометарите на нашиот тим добро одиграа само едно полувреме, кое заврши со негатива од еден гол, 12:11, а во воведните неколку минути Вардар дури имаше водство од три голови. Сепак, во вториот дел како да заспаа, на следуваше една бледа игра, а противникот постојано разликата ја зголемуваше, за на крајот да биде поразот убедлив со 31:20.
Магдебург – РК Вардар 31:20 (12:11)
Магдебург: Јенсен, Грин, Чрапковски, Рудат, Баумгарт, Шрам, Петерсон, Магнусон, Хорнке, Вебер, Гулеруд, Мертенс, Безјак, Смитс, Дамгард, Преус, Саугструп
РК Вардар: Ристовски, Сафар, Томовски, Стоилов, Валчак, Моралес, Георгиевски, Дијало, Чувара, Губимбо, Тото, Гаџа, Талчиги, Дибиров, Чупиќ, Мишевски