Пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите, на официјалната страна на ЕХФ излезе листа на десет фаворити за освојување на трофејот, а на неа по долго време не е Вардар. Иако пред две сезони стана шампион на Европа, а во минатата играше на фајнл-фор турнирот во Келн, Вардар оваа сезона не е ниту меѓу десетте фаворити.
Тоа секако се должи на заминувањето на дел од клучните ракометари како и промена на тренерската позиција.
Главен фаворит годинава е Монпелје, а во најдобрите десет се уште и Рајн Некар, ПСЖ, Фленсбург, Барселона, Мешков Брест, Нант, ПИК Сегед, Веспрем и Кјелце.