ФУДБАЛ

Вардар, Силекс и Работнички вечерва ги играат реваншите во Европа!

Tрите македонски екипи кои настапуваат во квалификациите во фудбалската Конференциска лига вечер ги играат реваншите од првото коло.

Најлесна задача би требало да има Вардар кој во Сан Марино отпатува со предност од 3:0 на реваншот кај Ла Фиорита. Натпреварот е закажан за 21 часот.

Два часа претходно (19 часот) Силекс на теренот на „Петар Милошевски“ ќе го пречека црногорски Дечиќ во обид да ја надополни негативата од три гола (0:3) по првиот натпревар.

Најрано (18 часот) ќе стартува Работнички кој се среќава со Торпедо-Белаз Жодино на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гостите од Белорусија во Скопје допатуваа со предност од 3:0.

ПОВРЗАНО

ВардарРаботничкиСилекс