Екипата на Вардар на двокатен автобус пред Триумфална порта на плоштадот со навивачката група “Комити” го прославија враќањето во Прва лига. Навивачите и фудбалерите пееја навивачки, но и патриотски песни.
Претходно во текот на денот во Кавадарци Вардар славеше со 3:0 против Скопје во баражот и се врати во Прва лига.
